Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во наредните три дена ќе се спроведе дератизација на територија на Општина Куманово.
Уништувањето на глувци ќе се изврши со поставување на мамки во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.
Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.
„Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамки, а во случај на наоѓање на отровот на отворено, да не го допираат. Ако временските услови дозволат дератизацијата ќе трае три дена„, - соопштуваат од Општина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk