Есенска дератизација во општина Куманово

21.09.2020 10:19 | KumanovoNews

Општина Куманово од среда ќе ја започне есенската дератизација со која ќе бидат опфатени јавните површини на целата територија на општината. Акцијата на уништување на штетните глодари ќе продолжи во четврток и петок.

Есенска дератизација во општина Куманово

- Третманот ќе се изврши со поставување на мамки во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферска вода. Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период, поради неповолните временски услови, истиот ќе биде одложен за наредниот ден, - соопштуваат од Општина Куманово.

Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.

- Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамки, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат, - апелираат надлежните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk