„Етно Фолк Студио“ победи на Интернационалниот фестивал на Власите од Балканот

14.07.2022 21:40 | KumanovoNews

Ансамблот „Етно Фолк Студио“ од Куманово се севкупни победници на Интернационалниот фестивал на Власите од Балканот, кој викендов се одржа во Голубац, Житковица, Р.Србија. 

„Етно Фолк Студио“ победи на Интернационалниот фестивал на Власите од Балканот

Тие се закитија со престижната титула најдобар ансамбл на фестивалот. Првото место за најоргинален костим го освои Весна Кузмановска,  втора придружничка е Стефани Стојмановска, додека за мис на фестивалот е прогласена Анастасија Стојановска, а за прва придружничка Мила Ангеловска. 

На фестивалот се натпреваруваа 11 познати ансамбли од Србија, Романија и Македонија.

„Ни беше голема чест да бидеме дел од фестивалот. Станува збор за едно прекрасно искуство за сите членови, со нашиот настап ги освоивме симпатиите на организаторите и на конкуренцијата. За прв пат ја изведовме кореографската постановка „Власи Фаршарјоти и Мегленци“, која наиде на одличен прием кај публиката. Ќе продолжиме да работиме со исто темпо и ќе се бориме за уште поголеми успеси и признанија“, изјави кореографот Перица Димковски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk