Етнолошка изложба „Градски вез-традиционалното и европското“

13.10.2017 08:42 | KumanovoNews

Во Уметничката галерија Куманово, вечерва во 19 часот ќе биде отворена етнолошката изложба „Градски вез-традиционалното и европското“ од Анита Ѓорѓиевска и Милица Пешевска- Николовска, вработени во Народниот музеј Куманово.

Етнолошка изложба „Градски вез-традиционалното и европското“

На изложбата ќе бидат прикажани стотина експонати рачни ракотворби: крпи, миљеа, завеси, перници, чаршафи, гоблени, ѕидни платна и други текстилни изработки, кои служеле за декорација во кумановските семејства.  

  “Целта на изложбата е да се покаже на јавноста везбената декорација на текстилните предмети кои се дел од збирката Народни ткаеници на Кумановскиот музеј и дел од позајмените предмети од градските семејстав, надополнети со ентериер од градска куќа.На текстилените предмети се прикажани неколку типови на везови, техника и орнаментика, кои се јавуваат во градот кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Во везовите се прикажани  и техники и орнаменти усвоени од Европа“, - вели Ѓорѓиевска, виш кустос етнолог.

Изложбата ќе ја отворат Славица Христова и Татјана Ѓорѓиевска од Музеј на град Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk