Етнолошкиот документарен филм „Марков бунар“ прикажан во Кратово

05.10.2015 10:58 | KumanovoNews

Етнолошкиот документарен филм „Марков бунар“ на авторката етнологот Валентина Илиевска од Музеј Куманово,  викендов беше прикажан на Меѓународен фестивал за етнолошки филмови во Кратово.

Етнолошкиот документарен филм „Марков бунар“ прикажан во Кратово

Филмот беше прикажан ревијално, а промоција ќе има и во Куманово.

Филмот е снимен на 8 мај на празникот Свети Марко во Проевце. Прикажани се сите магиско обредни дејствија поврзани со празникот. Ова беше единствен филм од Куманово кој беше прикажан годинава на фестивалот - кажа авторката.

На овој реномиран фестивал беа прикажани филмови од повеќе земји. Музејот Куманово последниве години редовно учествува на овој фестивал со свои проекти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk