Еуро Колеџ за две места погоре на новата Шангајска листа

13.04.2017 18:02 | KumanovoNews

Приватната високообразовна институција Еуро Колеџ од Куманово,  продолжува со успешниот раст на престижната Шангајска листа.

Еуро Колеџ за две места погоре на новата Шангајска листа

Еуро Колеџ се наоѓа на 10. место на рангираните високообразовни институции во земјата, што е за две места подобар резултат во однос на минатата година или осум места погоре од првото рангирање извршено во 2012 година.

Според деканот Љубиша Петрушевски вистинскиот раст на високобразовата институција допрва следи со оглед на тоа дека постигнувањата во последната година (посебно со Ерасмус програмите) ќе влезат во новото рангирање, кое треба дополнително да се објави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk