„Еуро Колеџ“ започна со онлајн настава

16.03.2020 15:50 | KumanovoNews

Приватната високообразовна институција „Еуро Колеџ“ - Куманово, од денеска наставата ја изведува онлајн.

„Еуро Колеџ“ започна со онлајн настава

Класичните предавања  на студентите се заменети со виртуелна интерактивна настава, а се во согласност со мерките преземени од Владата за прекинување на класичното предавање на универзитетите.

Наставата се одвива преку Google meet платформата каде наставникот ги изведува во живо предавањата од дома, ги следи студентите и нивната активност и ги користи сите можни помагала за комплетна интерактивност во наставата.

- На ваков начин, студентите на „Еуро Колеџ“ ќе можат да ги постигнат предвидените резултати од учењето и да останат заштитени согласно ново настанатата состојба. Уште еден позитивен импакт од онлајн наставата ќе имаат и вонредни студенти кои исто така можат да ги следат предавањата, додека студентите кои не се во можност да ги следат предавањата од оправдани причини, истите им се достапни и во видео форма на платформата на „Еуро Колеџ“, - соопштуваат од колеџот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk