Евакуирани луѓе од Јачинце, Стрновац и Коинце

24.01.2015 10:26 | KumanovoNews

 Специјалци од МВР и пожарната единица од Куманово синоќа евакуирале двајца старци од село Јачинце, а денеска пожарната екипа од Старо Нагоричане евакуирала семејство од селото Коинце.

Евакуирани луѓе од Јачинце, Стрновац и Коинце

“Во Долно Јачинце половина час по полноќ се евакуирани двајца повозрасни луѓе, чија куќа се наоѓа веднаш до речното корито. Исто и кај мостот во село Коинце, денеска протипожарната служба од Старо Нагоричане евакуира едно семејство. Тие најверојатно ќе бидат сместени кај роднини или соседи“ - вели Горан Стојановски од РЦУК.

Неофицијално дознаваме дека ноќеска од надојдените води на Пчиња биле спасени и двајца кумановци, кои биле во бањата во селото Стрновац. Додека тие се капеле, надојдената вода им го отсекла патот и тие останале отсечени од светот. Побарале помош од полицијата по што била организирана акција за нивно извлекување.

Во текот на денот се очекува намалување на водостојот на реките, доколку нема нови врнежи од дожд.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk