Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановката Евгенија Чанчалова(20), на 12 ноември ќе пее на Скопски фестивал каде ќе се избира песна за на Евровизија.
Песната се вика “Да не те сакам“, музика на Григор Копров, аранжман на Владимир Дојчиновски, а текстот е на Елена Гулинац.
“Почнува како балада, а во рефренот песната е ритмична, забавна, убава... Се надевам дека ќе и се допадне на публиката и многу ќе ми значи кумановци да гласаат за мене. Сигурно ќе има силна конкуренција, но се надевам на победа. Јас пејам под реден број 6,- вели Евгенија.
На младата и талентирана кумановка ова и е четврт фестивал оваа година. Прво настапила на Београдско пролеќе во Белград, а потоа на Сунчане скале во Херцег Нови освоила 2 место. Третото искуство е на Охридскиот фестивал, каде добила повеќе награди. Евгенија е студентка на прва година на Музичката академија во Пловдив.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk