ЕВН ја осовременува електрична мрежа

20.08.2010 13:08 | KumanovoNews

Неколку милиони евра инвестирала ЕВН во реконструкција на застарената мрежа во државата на која повеќе од дваесет години не се интрвенирало. 

ЕВН ја осовременува електрична мрежа

Во Куманово, последните две години интензивно се работи на подобрување во снабдувањето со електрична енергија.

Се прават квартални анализи каде се појавуваат проблемите во зимскиот период па следните летни месеци мрежата се реконструира. Последните две години се поставени нови дваесетина трафостаници, а зајакнати се и постоечките на оние места каде што било неопходно. Сукцесивно се заменуваа старите дрвени бандери со нови бетонски, направени се два нови изводи со што ќе се зголеми довербата меѓу ЕВН и граѓаните - вели Атанас Ковачевски, портпаролот на ЕВН. 

Според Ковачевски, сите тие инвестиции покажуваат дека во 2010 година немало поголеми проблеми. Во наредниот период најавуваат реконструкција и дислокација на неколку трафостаници во градот каде што почесто се јавуваат проблеми, но и замена на дрвените електрични столбови како и ставање на нови кабли со поголем пречник. Од подрачната единица во Куманово известуваат дека според планираното,снабдувањето и наплатата до сега се задоволителни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk