Езерата Липково и Глажња празни

05.01.2012 09:57 | KumanovoNews

 Доколку во наредните две месеци продолжи сушата Куманово на пролет ќе остане без водa. Двете акумулациони езера Липково и Глажња од каде градот се снабдува со вода за пиење се речиси празни.

Езерата Липково и Глажња празни

 Во нив има само околу 5 милиони метри кубни вода што е помалку од 20 проценти од вкупните капацитети на двете брани.

 Првпат во историјата на постоењето, нивото на водата во браните е на толку ниско ниво. Ако нема поголеми врнежи на дожд и снег, и ако вака продолжат временските услови, Куманово ќе се соочи со голема криза за вода уште напролет. Земјоделските површини ќе бидат исклучени од наводнување, но тешко ќе оди и снабдувањето на градот- Емрла Укшини, раководител на Сектор и одржување во ЈП „Кумановско-липковско поле„.

   Тој ги повикува граѓаните рационално да ја трошат водата за да не останат без неа кога најповеќе  ја треба. Месечната потрошувачка на вода во зимски услови е околу 650 иљади метри кубни, но како времето се стоплува и потрошувачката расте.

Вообичено за овој период од годината е браните да се полни, а некогаш и се прелеваа, но годинава сушата ги испразни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk