Фалсификувал фактура да купи делови за култиватор

23.06.2016 08:09 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Г.С.(44) од Старо Нагоричане, поради постење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Фалсификувал фактура да купи делови за култиватор

 Пријавениот искористил лични податоци на друго лице и изготвил фактура за набавка на делови за култиватор од Р.Косово во вкупен износ од 210 евра. При тоа впишал износ од 60 евра и извршил промена на бројот на предметите од фактурата. Вака фалсификуваната исправа ја пуштил во правниот промет, како доказ при склучување на Договор за купопродажба со лице од Куманово и потоа го заверил кај нотар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk