Фатен арачиновец соучесник во убиството пред Брза помош

25.09.2013 12:34 | KumanovoNews

С.А.(24) од Арачиново, кој учествувал во убиството на Ендрип Љатифи(31) од селото Опае, вчера е уапсен.

Фатен арачиновец соучесник во убиството пред Брза помош

 Убиството се случи во октомври минатат година на улица “11 Ноември“, пред влезот на Брза помош околу 17 часот, кога Б.А со девет истрели од пиштол го убил Ендрип. Додека Б.А. пукал, неговиот брат С.А. и уште едно лице го чекале во колата, а потоа побегнале кон Скопје.

Мотив за убиството биле претходни нерасчистени долгови и крвна одмазда. По убиецот Б.А и по М.Ш сеуште се трага.

Соучесникот С.А. е фатен во содејство на кумановската и скопската полиција и му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Полицијата презема мерки за лишување од слобода на уште двајцата инволвирани кои се во бегство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk