Фатен дилер со пола кило марихуана подготвена за улична продажба

08.05.2020 08:03 | KumanovoNews

 Кумановската полиција до Основно јавно обвинителство Куманово (ОЈО) Куманово поднесе кривична пријава против  кумановец, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, по член 215 став 1 од Кривичен законик на РСМ.

Фатен дилер со пола кило марихуана подготвена за улична продажба

Имено, на 06.05.2020 во неговиот дом во Куманово, од страна на полициски службеници од СВР Куманово бил извршен претрес, при што била пронајдена 541,61 грама „марихуана“, која ја препакувал во 18 опаковки и ја подготвил за улична препродажба.

Предметната дрога со потврда за привремено одземени предмети е одземена од пријавениот.  

По спроведена постапка од страна на истражен судија на предходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk