Фатен крадец на дело во кумановска населба

18.05.2023 11:18 | KumanovoNews

Полициски службеници синоќа во 20.30 часот привеле 55-годишен жител на селото Младо Нагоричане, откако го затекнале додека се  обидувал да одземе предмети од поранешен угостителски објект во населбата Карпош во Куманово. 

Фатен крадец на дело во кумановска населба

„Тој се сомничи дека изминатиов месец извршил три кражби при што одзел предмети и пари. Задржан е во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk