Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција до ОЈО, поднесе кривична пријава против Ф.А.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела - разбојништво и разбојништво во обид.
Минатиот вторник Ф.А. со закана со нож извршил разбојништво во обид во маркет на бул. „Октомвриска револуција“. Откако вработената почнала да вика на цел глас, тој побегнал од местото без да одземе ништо.
Еден ден потоа, во среда, околу 18.30 часот во маркет на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“ и ул. „Сава Ковачевиќ“ со закана со нож од вработената одзел 9.060 денари, по што побегнал.
По преземени мерки и извршен претрес, врз основа на судска наредба, Ф.А. бил приведен и задржан во полициска станица. Во службен разговор тој го признал и појаснил начинот на извршување на делото.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk