Фатени 37 возачи кои возеле без дозвола

21.10.2019 09:55 | KumanovoNews

Во периодот од 14 до 21.10.2019 на подрачјето на СВР Куманово, преземени се мерки и активности и констатирани се повеќе неправилности.

Фатени 37 возачи кои возеле без дозвола

68 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 64 возачи, 27 возачи кои управувале под дејство на алкохол и 37 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Од сообраќај се исклучени 24 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 22 возачи поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило и седум возачи поради неправилно престигнување.

Во текот на изминатата недела издадени се 299 мандантни платни налози, 123 прекршочни платни налози, а 76 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk