Фатени Бугари што растурале црна магија

04.10.2010 15:00 | KumanovoNews

 Сопружниците А.Г.(48) и В.Г.(40) од Софија се фатени во селото Табановце како  мамат жителите дека ќе им растурат црна магија ако им платат.

Фатени Бугари што растурале црна магија

 Тие викендов влегле во дворот на Б.С.(56) и ја излажале дека знаат да гледаат на икона. При тоа побарале 15 илјади денари за да и помогнат, и да ја растурат црната магија која е направена на нејзините синови да немаат деца. Бидејќи домаќинката имала само 100 денари, бајачката оставила број од мобилен телефон да ја побара кога ќе ги собере бараните пари. Потрагата по лесна заработувачка  ја продолжиле кај М.Д.(29) , на која и рекле дека ќе и умре сопругот ако веднаш не ја растурат магијата што ја направиле нејзините соседи. Тврдејќи дека се пратени од господ за да и помогнат за  услугата побарале 150 евра и 1500 денари. Лаковерната жена за да го спаси сопругот им ги дала бараните парите, по што тие си заминале.Откако жителите видел дека бајачите крстосуваат по селото ги пријавиле во полиција. Приведени се предаден на Истражен судија под соменение дека сториле кривично дело измама и помагање на истото.

                                         
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk