Фатени крадците на скутер

30.04.2012 15:26 | KumanovoNews

 Две момчиња од селото Орланци и еден кумановец се разбојниците кои на сила и го одзеле скутерот на девојчето на паркингот кај СУМА.

Фатени крадците на скутер

 Полицијата вчера ги фатила, и против  Б.Ш.(20) од Куманово Х.И.(18) и Л.И.(19) од Орланци, поднесе пријави за кривично дело разбојништво и помагање на сторителот по извршување на делото.

  Разбојништвото се случило завчера во 19.15 часот, додека девојчето го возело моторчето и застанало со другарките. Тогаш Х.И. се доближил до неа и ја турнал од скутерот и побегнал, а Б.Ш. си заминал со возилото.

По предходен договор Х.И. го однел скутерот во Орланце, каде третопријавениот Л.И. требало да им помогне да го сокријат.

Се упатиле кон населбата Ченто во Скопје, каде ги сочекала полицијата и ги фатила. Тројцата се познати сторители на кривични дела и заработиле притвор и куќен притвор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk