Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жител на липковското село Ваксинце шверцувал и чувал мигранти во својата куќа.
Пред три дена полицијата во домот на М.С.(21) пронашла 14 мигранти, откако предходно го видела како ги превезува во својот автомобил.
М.С. бил откриен завчера во селото Ваксинце, во близина на чешмата „Буци“, додека од багажникот на патничко возило „Ауди А6“ од багажникот подавал патни торби на тројца мигранти. Кога странците ги виделе полицајците, се обиделе да избегаат, по што влегле во куќата на М.С. Извршен е преглед на просторијата која претходно била отворена, каде биле затекнати 14 мигранти. М.С. е приведен во СВР-Куманово, а за преземаат мерки за целосно документирање на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk