Фатени на дело додека крадат во Тутунскиот комбинат Куманово

29.03.2025 10:32 | KumanovoNews

Четири лица, од кои двајца малолетници ноќеска се обидувале да одземат предмети од дворот на поранешниот Тутунскиот комбинат Куманово.

Фатени на дело додека крадат во Тутунскиот комбинат Куманово

„Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска во 1.30 часот ги лишиле од слобода Н.Р.(42) од Куманово, Т.И.(33) од Виница и двајца малолетници. Тие биле затекнати во објект во кругот на поранешен Тутунски комбинат Куманово при обид да одземат предмети.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk