Фатени Пакистанци во Лојане

01.08.2011 10:46 | KumanovoNews

Двајца скопјани се обиделе да прокриумчарат четворица Пакистанци од Македонија за Србија, преку дивите премини во Лојане.

Фатени Пакистанци во Лојане

Минатата недела пријавените со своите возила ги презеле странски државјани од автобуската станица во Скопје, и за сума од 60 евра им ветиле дека ќе ги превезат до сeлото. Еден од таксистите имал задача да ја обезбедува трасата до Лојане. По пристигнувањето во селото мигрантите требало илегално да поминат преку границата со Србија и од таму со помош на непознати лица да заминат за Австрија.

Полицијата на преминот Белановце извршила преглед на двете возила при што биле затекнати и приведени четирите илегални мигранти од Пакистан. Мигрантите се сместени во Центарот за прифат на странци.По преземените мерки,  утврдено е дека мигрантите илегално влегле во Р.Македонија на 23.07. во раните утрински часови од Грција, а потоа со воз допатувале од Гевгелија до Скопје, каде што се сретнале и спогодиле со таксистите да ги превезе до Лојане од каде требало илегално да поминат во Р. Србија, по претходен договор со нивни другари кои веќе се наоѓале на територијата на северниот сосед.

Д.Б. и Х.С. по приведувањето се изведени пред надлежен истражен судија којшто на двајцата им изрече мерка притвор во време од по 15 дена. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk