Фејсбук фото натпревар “Европа во мојот регион“

07.07.2015 15:09 | KumanovoNews

 До 28 август трае фејсбук фото натпреварот на Европската комисија на тема “Европа во мојот регион“.

Фејсбук фото натпревар “Европа во мојот регион“

Целта е да се подигне свеста за ЕУ проектите кои направиле промени во заедницата.

За да се учествува на натпреварот, потребно е да се направи фотографија од проект финансиран од ЕУ, која ќе содржи плоча или билборд со финансиските информации, заедно со знамето на ЕУ и истата да се испрати на: http://bit.ly/EUmyRegion. Наградата е патување за двајца во Брисел.

Натпреварот е отворен за учесници од Македонија, Србија, Албанија, Косово, БИХ, Црна Гора и Турција и за постојаните жители на ЕУ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk