Фестивал на кратки филмови во Куманово

19.04.2012 08:49 | KumanovoNews

 Во Куманово вечерва ќе се одржи фестивал на кратки филмови „Футур Шорт„.

Фестивал на кратки филмови во Куманово

На фестивалот ќе бидат прикажани 7 кратки филма: "Мечка" од Неш Едгертон, Австралија, "Четириаголник"– Ејми Грапел, САД “Венера” од Тор Фруергард,  Данска,“Да умрам покрај тебе” од Спајк Џонз и Симон Кан, Франција,“Раката” Режија: Бри Ларсон, Сара Рамос, Џеси Енис, САД,“Те сакам повеќе” – Сем Тејлор Вуд, Велика Британија и “Човекот без глава” – Хуан Соланас, Франција.

Фестивалот во исто време се одржува во над 50 градови и 17 земји, собирајќи половина-милионска публика од целиот свет. Од 2003 година па наваму, дефинирачкиот формат на Future Shorts прикажува единствена програма со најдобрите кратки филмови од целиот свет, често во придружба со музички настапи, ди-џеи и разни настани од полето на уметноста. Од Лондон до Москва, од Мелбурн до Џакарта, проекциите се случуваат насекаде низ огромна мрежа од музички центри, кино сали, театри, галерии, клубови и напуштени магацини, овозможувајќи на тој начин, алтернативно решение, наспроти традиционалниот модел на филмски фестивали- велат организаторите од здружението Кран од Куманово.

Почетокот е во 21.30 часот во клубот „Wire„ во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk