Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На локација кај мегалитската опсерваторија Кокино, утре во 16.30 часот, ќе започне тридневната мултимедијалната културна манифестација „Кокино – Тврдина на сонцето“.
Во петок, сабота и недела на отворено ќе се одржат 20 настапи на повеќе реномирани уметници од македонската сцена.
Посетителите ќе можат да ги проследат настапите на: „Љубојна“, Дина Јашари, Тони Китановски, „Фулиш грин“, Драган и Ратко Даутовски, „Перија“, Сашо Гигов Гиш, „Сетстат“, „Летечки Пекинезери“, Џенгиз Ибрахим, „Чалгија Саунд Систем“, „21 Век“, „Тока Шитет“, Јон Ајди, Горан Кан, Флудер и Чарли и др.
Концертите во сабота и недела ќе започнуваа напладне во 12 часот и на зајдисонце во 19 часот.
На програмата се и театарски изведби, кино-проекции, стрип-изложби, изложба на ракотворби и уште многу други креативни активности.
Влезот е бесплатен, а дневните билети за организираниот автобуски превоз од Куманово и Скопје чинат симболични 50 денари, колку што чини и дневната пропусница за влез со сопствен автомобил во организираниот паркинг-простор.
Фестивалот ќе биде оддржан во согласност со сите здравствени протоколи и заштитни мерки.
Проектот е поддржан од Владата во рамки на јубилејот „Триесет години независност“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk