Фестивалот на германски филм ќе започне вечерва во МКЦ

15.05.2019 10:20 | KumanovoNews

Наместо синоќа, отварањето на Фестивалот на новиот германски филм ќе биде вечерва во 20 часот во Младинскиот културен центар „Козјак“. 

Фестивалот на германски филм ќе започне вечерва во МКЦ

 Невремето кое го зафати градот ги спречи граѓаните да дојдат во поголем број, поради што организаторите одлучија да го пролонгираат отворањето за вечерва.

На програмата се 9 филмови во различни жанрови: драма, трагикомедија, комедија, семеен, детски, документарен филм и серија на кратки филмови.

Вечерва ќе биде прикажан филмот „100 работи“, а во наредните денови „Жешко столче“, „Во време кога светлината згаснува“, „Исход на вистината“, „Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“, „Тим Талер или момчето што ја продаде својата насмевка“, „Помош ги смалив родителите“ и „Серија кратки филмови“. Влезот е слободен.

14. Фестивал на новиот германски филм ќе трае до среда 22. мај.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk