Филип Јаневиќ портпарол на ЛДП

20.02.2015 09:28 | KumanovoNews

 Филип Јаневиќ, правник од Куманово, е избран за портпарол на Либерално Демократската Партија.

Филип Јаневиќ портпарол на ЛДП

Оваа одлука е донесена на првата седница на извршниот одбор на партијата, која се одржа завчера под ракводство на новоизбраниот претседател, Горан Милевски.

Македонија е далеку од либерално-демократско општество какво сите ние посакуваме. Во таа насока, ЛДП како една граѓанска партија има обврска да го шири нејзиниот концептот за Македонија како пристојно место за живеење. Чест и задоволство, но во исто време обврска и патриотска должност е да се биде во првите редови во таа борба за слобода и демократија. Таа борба ќе ја водиме заедно со граѓаните и никако поинаку. Се надевам дека ќе успеам да ги приближам идеите и ставовите на ЛДП до што поголем број на граѓани, -изјави Јаневиќ, кој досега ја извршуваше фунцијата портпарол на општинската организација Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk