Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за здравство на денешната владина седница ќе побара да се донесе одлука да се затворат сите трговски центри.
Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција кажа дека ќе побара целосно затворање на моловите, бидејќи станува збор за затворен простор со голема посетеност на граѓани и можност за ширење на вирусот.
- Се отвори прашање за пекарите и како тие да работат. Иако се тргнати масите, предлагаме ако е возможно воопшто да не се влегува во објектот туку да работат на принципот шалтерски систем, рече Филипче.
Трговските центри Скопје Сити Мол, Рамстор Мол и Капитол Mол најавуваат дека ќе ги почитуваат сите донесени одлуки на Владата.
- Сакаме да ја известиме јавноста дека здравјето на граѓаните е пред се, и до донесување на одлука од Владата за работењето на трговските центри, горенаведените трговски центри ќе работат со скратено работно време односно од 11:00 до 19:00 часот, - соопштуваат од трговските центри.
Аптеките и маркетите во трговските центри остануваат да работат со редовно работно време од 08:00 до 22:00 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk