Филипче: Денеска започнува пријавувањето за вакцинирање на децата

12.07.2021 13:18 | KumanovoNews

Од денеска до четврток, ќе биде отворен сајтот vakcinacija.mk за закажување на термини за вакцинација на децата. Секој родител или стрател кој сака да се векцинира неговото дете ќе треба да го пријави на веб страницата, по што ќе добијат термин за вакцинација. Вакцинирањето ќе почне во петок.

Филипче: Денеска започнува пријавувањето за вакцинирање на децата

„Закажување на термините за вакцинација на децата е поради планирање на потребните количини вакцини Фајзер. Една вијала со која може да се вакцинираат шест лица, откако ќе се раствори истата во одредено време треба да се потроши. Со закажување термини и утврден точен број на вакцини,  ќе се исклучи можноста да се фрлаат вакцини“, рече министерот Венко Фипипче.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk