Филипче: Влегуваме во најтешката фаза, секој да се однесува одговорно

29.03.2020 14:19 | KumanovoNews

- Сакам да упатам јасна порака дека влегуваме во вториот месец од борбата со оваа пандемија која целосно го промени животот, донесе страв и несигурност.

Филипче: Влегуваме во најтешката фаза, секој да се однесува одговорно

Пред нас е најтешкиот период - период во кој бројот на заболени ќе расте во светот, ќе расте и кај нас. Ни претстои период за жал во кој ќе расте и бројот на починати, за ова сите мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и еден млад човек којшто почина. Ова е доказ дека вирусот не штеди никој - никој не е имун ниту е заштитен од него. Сите оние кои досега можеби не беа убедени во опасноста од вирусот и од оваа болест, сега верувам дека им е целосно јасно дека ова е многу сериозна закана. Навистина мораме ние сериозно да се однесуваме кон неа, нема да биде лесно. Затоа сакам да упатам апел сите да ги почитуваат препораките, да не се шири паника, да се однесуваме максимално претпазливо и одговорно заради тоа што ова зависи од секој успех оваа борба зависи од секој еден од нас“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека е добро што бројот на случаи се зголемува линеарно, а не експоненцијално - што значи дека секој ден имаме приближно еднакво зголемување  а тоа му дава шанса на нашиот систем за одржливост - можност соодветно да ги прими, да ги амортизира сите пациенти без притоа да бидат оптоварени нашите здравствени капацитети.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk