Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во големата сала на Центар за култура „Трајко Прокопиев“, утре и задутре, со поеток во 19 часот ќе биде прикажан македонскиот филм “Три дена во септември“ во режија на Даријан Пејовски.
„Три дена во септември“ е психолошки трилер, во кој двата главни женски лика преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми. Бегајќи од своето минато, Марика ја запознава Јана, која патува кон куќата од нејзиното детство, сместена во изолиран планински крај. Тоа е совршено засолниште за Марика, се додека не се појави локалниот полицаец Генц, кој ќе поттикне сомнеж за вистинските намери на двете жени...
Улогите ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Крјезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.
Сценарист e Даријан Пејовски и Игор Иванов, директор на фотографија е Димо Попов, Александар Пејовски е композитор на оригиналната музика, монтажа - Владимир Павловски, дизајн на звук - Игор Поповски, сценограф е Снежана Поњавиќ-Муча, костимограф е Емилија Ивановска-Атанасовска. Продуцент на филмот е Томи Салковски.
Цената на билетот е 100 ден.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk