Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Театар Куманово, денеска со почеток во 18 часот, ќе биде прикажан филмот „Врба“, во режија на Милчо Манчевски.
Овој филм зборува за лојалноста, љубовта, довербата и мајчинството, филм кој спојува приказни за три млади мајки – едната се случува во 17 век, а другите две се современи. Приказните се надополнуваат, а во исто време се и контраст една на друга.
Актерската екипа е составена од Петар Мирчевски, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Никола Ристески Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ; директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош, додека пак дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс.
„Врба“ е македонско-унгарско-белгиска копродукција во која учествува и Албанија. Се снимаше претходната година два месеца (октомври и ноември) во Мариово, Преспа, Трескавец и во Скопје.
Билети можат да се купат на билетарата во Театар Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk