Филмска вечер во летно кино во Умин Дол

19.06.2025 11:56 | KumanovoNews

На училишното игралиште во селото Умин Дол, утре со почеток во 20 часот ќе се одржи филмска ревија на отворено.

Филмска вечер во летно кино во Умин Дол

Ќе бидат прикажани филмски проекти изработени од учениците со кои имаат учествувано на државниот конкурс „Средби под jаворите“ во чест на Видое Подгорец, а ФИЛМАЈ ревијата ќе ги прикаже „Налепница“ од Георги М. Унковски со Сашко Коцев во главната улога (најдобар домашен филм на ФИЛМАЈ 2020), и „Јуан од соседството“ (официјална селекција на ФИЛМАЈ 2024).

 Настанот го организира Фото-кино клуб “Козјак” – Куманово во соработка со основното училиште “Карпош” и здружението „Рурал Ума Сто“ oд Умин Дол. 

Ревијата се одржува како дел од годишната програма на ФИЛМАЈ фестивалот на краток филм, поддржан од Општина Куманово и Агенцијата за филм на Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk