Финишира изградбата на кружниот тек помеѓу „Октомвриска“ и „Трета МУБ“

10.08.2022 21:12 | Сузана Николиќ

Изградбата на кружниот тек на крстосницата на улиците „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, кај „Митев мост“, која започна да се гради во февруари е при крај. 

Финишира изградбата на кружниот тек помеѓу „Октомвриска“ и „Трета МУБ“

Новиот кружен тек чини 36,5 милиони денари или 580 илјади евра, средства од буџетот на Општина Куманово. 

„Во тек е поставување на завршниот асфалтен слој на кружниот тек помеѓу бул. Трета МУБ и бул.„Октомвриска револуција“, објави градоначалникот Максим Димитриевски. 

 Останува да се изградат тротоарите,  да се обележи хоризонталната сигнализација, да се постави осветлувањето и хортикултурно да се уреди, па да се пушти во функција.

Граѓаните се нестрпливи да завршат градежните работи, бидејќи во текот на летото се задушија во прашина, а отежнато беше движењето со возилата поради раскопаните коловози. 

Изградбата на кружниот тек започна на почетокот на февруари годинава, а работите ги изведува струмичката фирма Жикол.  

Новото сообраќајно решение треба да ја зголеми безбедноста во сообраќајот во овој дел на градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk