Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Заврши изградбата на надворешниот објект на спортската сала на Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово. Во моментот се работи на уредување на внатрешноста на салата.
Салата ќе биде опремена со сите реквизити и справи за мали спортови, кошарка, ракомет, мал фудбал и за одбојка. Средствата за нејзината изградба во висина од 27 милиони денари ги обезбеди Владата, а Општина Куманово потроши околу 2 милиони денари.
Директорот на училиштето, Драган Јаневски, вели дека се очекува салата да биде пуштена во употреба на почетокот од новата школска година.
„Објектот е изграден, во моментот се работи на нејзиното внатрешно уредување, подлогата е ставена и веќе е започнато со обележување. Општината распиша тендер за воведување на струја, канализацијата е приклучена, а во наредниот период ќе се стави и вода. Со ова учениците ќе имаат подобри услови за реализирање на физичкото образование, односно соодветни услови кои се неопходни за нив и изведувањето на наставата“, додаде директорот.
Техничкото училиште „Наце Буѓони“ постои од 1960 година. Наставата се одвива во 72 паралелки, на македонски и албански наставен јазик. Немањето на спортска сала претставуваше голем недостаток за изведување на наставата по физичко и здравствено воспитување, заради што години наназад училиштето при рангирањето добиваше послаби оценки.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk