Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владата на вчерашната седница донесе уредба со законска сила, за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, со која се утврдува дека фирмите коишто ќе ја користат оваа мерка не смеат да отпуштаат работници.
Со оваа измена се усогласува уредбата за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено–економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, заради исплата на платите, односно со неа се предвидува можноста најпогодените сектори угостителството, туризмот, транспортот, да користат и друг вид на поддршка предвидена освен со оваа уредба.
- Се утврдува дека работодавачот кој ќе користи мерка за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, не смее да го намали бројот на вработени во месец април 2020 година, како и два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец август 2020 година), освен во оправдани услови дефинирани во законот за работни односи, како пензионирање или откажување на договор од страна на работникот, но не повеќе од утврдениот процент, - соопштуваат од Владата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk