Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Флекс Кредит додели речиси 50 ваучери за патување на вработените кои постигнале најдобри резултати за првата половина од 2025 година.
Вработени од филијалите, кредитниот оддел и административна поддршка беа наградени со ваучер како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати.
Со оваа иницијатива, компанијата уште еднаш го потврдува значењето што го дава на препознавање и вреднување на трудот и ангажманот на своите вработени.
Ваучерите за патување имаат за цел да обезбедат дополнителна мотивација, но и да поттикнат баланс помеѓу работата и личниот живот на вработените.
Ваквиот пристап е дел од пошироката стратегија на компанијата за создавање позитивна и поддржувачка работна средина, каде што се цени индивидуалниот и тимскиот придонес.
Флекс Кредит, со над 400 вработени, е еден од најголемите работодавачи во својата дејност во Македонија. Континуирано инвестира во развој на човечки ресурси преку различни програми за наградување, унапредување и обуки, со што создава услови за професионален и личен раст на секој вработен.
(ПР текст)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk