„Флоренс Најтингејл„ спроведува истражување за семејно насилство

01.03.2016 10:04 | KumanovoNews

 Мултиетничкото здружение “Флоренс Најтингејл” од Куманово од април минатата година стана Институционален грантист (2015-2018) на CIVICA MOBILITAS (проект на Швајцарска агенција за соработка и развој (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна Администрација (СИПУ).

„Флоренс Најтингејл„ спроведува истражување за семејно насилство

Овој грант е наменет за зајакнување и развој на „Флоренс Најтингејл„ како граѓанска организација која работи на општествено важни прашања.

Во состав на Институционалниот грант се реализираат повеќе активности меѓу кои во тек е истражување за семејно насилство во oпштина Куманово. Истражувањето се реализира по пат на теренска анкета која вклучува 300 испитанички од нашата општина.

Податоците од анкетата ќе бидат анализирани од стручни лица, а резултатите од  анализата ќе бидат преточени во истражувачка студија која ќе биде публикувана и јавно промовирана.

„Флоренс Најтингејл“ ќе биде дел и од проектот “Различноста е во мода-промоција на локален мултикултурализам” (2016-2018), каде што Асоцијација за демократска иницијатива –АДИ се јавува како носител на проектот, додека Флоренс Најтингејл се јавува како соработник на проектот. Проектот се спроведува со подршка на Европската унија во рамки на IPA  Civil Society Facility and Media Programme 2014.

Проектот се реализира во 9 општини и тоа: Гостивар, Тетово, Кичево, Куманово, Струга, Брвеница, Врапчиште, Јегуновце и Маврово-Ростуша.

 Мултиетничкото здружение “Флоренс Најтингејл” од Куманово е формирана 2002 година и од тогаш континуирано работи на родови и меѓуетнички прашања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk