Фолклорна смотра на Градскиот плоштад во Куманово

30.05.2019 10:26 | KumanovoNews

Пред Центарот за култура во Куманово, во сабота во 19 часот ќе се оддржи Фолклорна смотра, на која ќе учествуваат 300 играорци од шест културно-уметнички друштва од градот.

Фолклорна смотра на Градскиот плоштад во Куманово

Манифестацијата која ја организира Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, со поддршка на градоначалникот и Советот, е во чест на одбележување 500 години Куманово.

На концертот ќе учествуваат културно-уметничките друштва „Панче Пешев“, „Карпош“, „Етно фолк студио“, „Бајрам Шабани“, „Рушит Шакир“, „Српски вез“ и „Срма“, со песни и ора од своите етнички заедници, каде ќе го покажат колоритот и мултикултурализмот на општина Куманово.

Пред почетокот на манифестацијата ќе се одржи дефиле низ кумановските улици.

„Сакаме оваа манифестација да стане традиционална и секоја година сите културно-уметнички друштва кои творат во нашиот град да го покажат она што го знаат и умеат, со музичката и фолклорна шароликост да се претставата пред нашите сограѓани и на сите што го сакаат фолклорот, - изјави Нино Величковски, директор Фондација за култура и спорт.

Организаторите најавија дека доколку дозволат временските услови концертот ќе се одржи на градскиот плоштад, но во случај на врнежи, ќе биде преместен во Центарот за култура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk