Фондацијата доби 4,6 милиони денари за реализација на културни манифестации во градот

27.12.2019 12:02 | KumanovoNews

 Фондацијата за култура и спорт во 2020 година ќе потроши 4,6 милиони денари за повеќе културни манифестации и активности во градот.

Фондацијата доби 4,6 милиони денари за реализација на културни манифестации во градот

Директорот на фондацијата Нино Величковски, вели дека оваа година нудат побогата и посодржајна програма за сите вкусови на граѓаните.

„Со годишната програма е предвидено одржување на Арт атак фестивал, Гитаријада 2020, уличен фестивал „Куманиум“, Мото рок фестивал Куманово, Фестивалот на шеговијни песни „Тумба фест“, детскиот ликовен камп АСНОМ, фестивалот „Игри без маски“ за децата со посебни потреби,  промоции на монографии и други активности. Сметам дека имаме богата културна програма за сите вкусови и возрасти, побогата од минатата година и квалитативно и квантитативно“, - изјави директорот Величковски.

Советниците од позицијата и опозицијата ја пофалија програмата, а имаа забелешка во однос на средствата кои се издвојуваат за закуп на бина и побараа Општината да купи своја опрема за таа намена.

  Во Општина Куманово за наредната година за културата ќе бидат издвоени дополнителни средства преку Секторот за култура во висина од 11 милиони денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk