Фондацијата за култура и спорт ќе добие нов претседател

30.10.2013 15:19 | KumanovoNews

 Фондацијата за култура и спорт ќе добие нов претседател, откако досегашниот  Гоце Божурски се повлекува од функцијата.

Фондацијата за култура и спорт ќе добие нов претседател

Одборот на фондацијата на следната седница ќе избере нов човек за оваа позиција.

На своја волја се повлекува, од лични причини бидејќи работи во Скопје и не може постојано да биде отсутен. Како што доброволно се нафатил, така и се повлекува. Работата на фондацијата не е попречена за тој период, си има директор, орган на извршување, си има членови - вели Жика Крстевски, раководител на сектор за култура и спорт во Општина Куманово.

Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово функционира три години.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk