Фондот бара матичните со сила да ги прегледуваат пациентите?

20.01.2014 13:47 | KumanovoNews

 Матичните лекари ќе треба годишно да прегледаат половина од пациентите на возраст од 14 до 65 години, во спротивно Фондот за здравствено осигурување ќе ги казни со одбивање на партиципација.

Фондот бара матичните со сила да ги прегледуваат пациентите?

Лекарите се жалат дека тоа е премногу работа за нив бидејќи ќе треба телефонски да ги повикаат пациентите, да утврдат дали имаат шеќерна, бубрежни или кардиоваскуларни болести и да ги упатат на понатамошно лекување. Тие бараат рокот за реализација од 2 да се пролонгира на 4 години.

- Секоја ординација што има 1000 пациенти ќе треба да повика 500 пациенти, значи голема бројка е. Ако пациентот има некоја од тие болести ќе треба да се упати на кардиолог, невролог, лабораторија. Тоа се потешкотии за лекарот и посебно за пациентот. Владата бара оваа проекција да оди за две години и да се реализира 100 отсто што за нас е многу. Бараме да биде тоа за 4 години и да биде секоја година реализацијата по 25 отсто. Ние не сме против тоа, но 50 отсто е многу голема група - изјави Фатмир Асани, претседател на матични лекари во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk