Фонтаната „Батко Ѓорѓија„ - мочуриште

21.06.2013 12:07 | KumanovoNews

 Фонтаната „Батко Ѓорѓија„ наместо да го краси Градскиот плоштад таа го нагрдува.

Фонтаната „Батко Ѓорѓија„ - мочуриште

Водата во коритото е застојана, зелена и полна со отпадоци, бидејќи фонтаната сеуште не е во функција.

Граѓаните реагираат што надлежните служби во градот дозволиле фонтаната да стане бара.

Фонтаната треба да се оддржува. Секоја вечер тука се собираат мали деца, си играат и може да дојде до некоја инфекција. За нас постарите не е толку важно, ама не е убава сликата. Остава лош впечаток во центарот на градот за секој кој ќе дојде да го посети градот. - вели Ласте Цветковски, граѓанин од Куманово.

Во иста состојба е и другата фонтана на плоштадот пред продавниците на мобилните оператори.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk