Формиран нов книжевен клуб во Куманово

28.03.2014 09:41 | KumanovoNews

Од неодамна во Куманово е формиран клуб на книжевни творци “Симбиоза“ чиј претседател е поетесата Верица Петровска.

Формиран нов книжевен клуб во Куманово

Во “Симбиоза“ повеќето членови се млади поети кои веќе имаат издадено свои книги или се промовирале во групни збирки.

Ќе работиме на зачувување на македонскиот јазик, македонскиот збор. Ќе соработуваме со здруженија ширум Македонија, ќе организираме поетски читања и гостувања. Ќе работиме на издавање на книги, ќе направиме работилници. Засега немаме просторни услови, но тоа во никој случај не пречи на нашата работа - рече Петровска.

Таа додава дека за обезбедување на простории каде ќе функционираат ќе се обрати до локалната самоуправа, градската библиотека, Центарот за култура и Министерството за култура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk