Формиран Сојуз на клубови на работници

20.05.2011 14:13 | KumanovoNews

 Во Куманово вчера се формираше Сојуз на клубови на работници, кој ќе има задача да ги штити работничките права.

Формиран Сојуз на клубови на работници

 За претседател на сојузот е избран Слободан Радевски, поранешен претседател на Регионалниот синдикат на Куманово, а на оснивачкото собрание присуствуваше и некогашниот лидер Ванчо Муратовски.

Сегашните синдикати почнаа да се растураат, да се делат и групираат со некои партии, па за да го спречиме тоа, ние се одлучивме да формираме Клубови на работници во сите градови. Сакаме да застанеме на прав пат и да ги  повикаме сите работници да ни се приклучат на тој пат, за да можеме да истраеме и со наредната влада да се договараме за правата на работниците, тутунарите, земјоделците- вели Радевски.  

Оснивачите сметаат дека тие не се паралелен синдикат, туку вистински претставници на работниците.

На оснивачкото собране присуствуваа претставници од повеќе градови и стечајните работници од Куманово.                                                           


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk