Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
200 денари за затворениот и 150 денари за отворениот базен ќе мора да платат граѓаните доколку сакаат да се капат во новите базени.
Цената е за целодневен престој, а формирана е во однос на цените во аква парковите и базените во соседните градови, но за 30 отсто пониска поради стандардот на граѓаните.
„Водевме сметка цените да бидат прифатливи за сите и да не се дискриминаторски, но секогаш има простор за корекција. Да видиме прво што ќе покаже искуството на терен. Во однос на отворениот базен малку сме лимитаирани со капацитет, бидејќи може да собере од 180 до 200 капачи. И затворениот е со сличен капацитете, но таму помалку време се останува и нема да има толку гужва, - рече Дамјановски.
Советникот Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ, праша дали работата на базенот ќе биде економски исплатлива или загубите ќе мора да ги покрива општината.
Искуствата на општините кои имаат базени покажуваат дека тие никаде не се исплатливи. Мал дел од трошоците успеваат да поикријат сами а другиот дел го субвенционира општината или државата. Ние немаме среќа да добиеме помош од државата ни за изградбата како што е случај во некои други градови, па затоа дел од сретствата за училишен спорт ќе пренасочиме за работа на базенот, а на училиштата ќе им дадеме бесплатни термини, - одговори Дамјановски.
Тој најавува дека во градот ќе се формираат и пливачки клубови и ќе се работи на развоја на пливачките спортови.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk