Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Човекот е главен потенцијал на секоја економија, но поддршката за локалната економија како да не постои, а руралните средини се заборавени. Неприфатливо е град на индустиријата, економски да стагнира и да не се поддржуваат малите и средните бизниси, занаетчиите, селските стопанства. Затоа нудиме конкретни мерки и ќе се залагам тие да се спроведат, кажа носителот на советничката листа на ЛДП и ДОМ ,Валентин Ефтимовски, на денешната прес-конференција.
„Ќе ги поддржиме малите и средни претпријатија со 200 илјади денари за набавка на алати и опрема, ќе поддржуваме и развиваме селски стопанства со 200 илјади денари за туристички цели, ќе формираме фармерски зони, ќе организираме ИТ саеми и привлекување на ИТ номади, ќе градиме нов дом за стари лица како јавно приватно партнерство. Ќе помогнеме да се докомплетира инфраструктурата во економската зона Речица, ќе организираме обуки и преобуки со профили потребни на пазарот на трудот, ќе организираме саем на чаеви“, - кажа Ефтимовски.
Тој додаде дека ќе ги поддржат занаетчиите со 60 илјади денари и ќе овозможат нивните производи да ги продаваат во Занаетчискиот дом.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk