Формирано тело за регионални проекти

21.05.2015 12:18 | KumanovoNews

  Преставници од шестте општини од регионот, невладини организации и бизнис сектор, се дел од регионалното тело , кое ќе селектира проекти од регионално значење.

Формирано тело за регионални проекти

Од пристигнатите 15 идеи за проекти ќе бидат избрани најдобрите и преку УНДП и Министерството за локална самоуправа ќе се бараат донатори за нивни реализирање. Имплементацијата на овие проекти треба да започне кон крајот на следниот месец.

“Доминантна улога при одлучување ќе има невладиниот сектор. Сме направиле некој баланс за да се заштити на некој начин, она за кое граѓаните сметаат дека е од нивен интерес. Има идеи за рурален развој во зем,оделството со системи капка по капка, идеи за етно туризам со вклучување на образование и настава во природа, има идеи за екстремни спортови во Бислим. Има различни идеи, а ние се надеваме дека ќе ги избереме најдобрите„ - вели Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на североисточен плански регион.

Координаторката на проектот Маја Тасевска  објаснува дека целта на проектот е преку меѓуопштинска соработка да се реализираат проекти корисни за заедницата.

“Ние сме особено задоволни што заедно со Министерството за локална самоуправа и сите засегнати страни од регионот, почнуваме со имплементирање на едно начело на ЕУ пред се, а тоа е да кон локалниот развој се пристапи на еден што е можно поинклузивен и поинтегриран начин, за да јавните средства на државата и општините, но и средствата кои се определени од ЕУ и други донатори бидат поддржани од целата заедница. Прв пат во Македонија се прави институционална мрежа за рурален развој, со одлука на советите на сите шест општини во регионот“ - рече Тони Поповски, кординатор за рурален развој на УНДП во Македонија.

Се очекува овој проект да продолжи и во иднина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk