Форум на жени на СДСМ донираше постелнини во Кумановската болница

17.12.2020 07:22 | KumanovoNews

Форум на жени на СДСМ  Куманово, донираше постелнини во Општата болница Куманово.

Форум на жени на СДСМ донираше постелнини во Кумановската болница

- На ваков начин ние сакаме да ја покажеме нашата хуманост, и пред се` поддршката на здравствените работници во борбата против ковид-19. Сакаме да им се заблагодариме за нивната пожртвуваност и истрајност во оваа битка и борба за секој човечки живот. Во пресрет на новогодишните и божиќните празници сакаме да ја потикнеме хуманоста кај нашите сограѓани, да ги повикаме на совесно и одговорно однесување и почитување на мерките за заштита од овој опасен вирус. Преку грижа за нашето здравје и го штитиме здравјето на сите околу нас, така ќе им изразиме благодарност, поддршка и почит за работата на нашите здравствени работници, изјави претседателката на Форумот на жени, Соња Тодоровска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk