Форум за дијабетичари во Општата болница

24.10.2013 08:02 | KumanovoNews

 Форум  за дијабетичари на 25 месецов ќе се оддржи во просториите на Општа болница Куманово.

Форум за дијабетичари во Општата болница

Темата е “Како да се справиме со шеќерна болест и компликации - улога на пациентот“. Последниве две години со болни од дијабетес е направена анкета на ниво на држава и заклучоците ќе бидат искоментирани.

Предавачи ќе бидат Ирфан Ахмети од Универзитетска клиника за ендокринологија Скопје, Снежана Макреска и Исмаил Бајрами од Центарот за дијабетес Куманово, а ќе присуствуваат и матични доктори.

Организатор на настанот е Здружение на граѓани со дијабетес од Општина Куманово. Форумот ќе почне во 12 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk